top of page

Digital Marketing: Најголемата тајна на дигиталниот маркетинг

Што е тоа што дигиталните маркетери многу добро го знаат, но не и вие?

ЗНААТ ДА ЈА СМЕНАТ ПЕРСПЕКТИВАТА!

Знаат да го набљудуваат секој бизнис, бренд, производ или услуга од перспектива

на купувач/клиент.


Најдобрата работа што можеш да ја направиш за твојот бизнис е да го набљудуваш брендот, твоите производи или услуги од перспектива на твојот купувач/клиент.


Гледај со негови очи, слушај со негови уши!


Тогаш стануваш свесен дека постојат различни профили на купувачи кои поминуваат низ 5 фази на свесност за својот проблем, потреба или интерес:


ФАЗА 1: НЕСВЕСНА ФАЗА

Клиентот не е свесен дека има одреден проблем, потреба или интерес.


Луѓето во оваа фаза не мора да имаат потреба од ништо во овој момент. Не ве познаваат вас, не го познаваат вашиот бренд, не ги познаваат вашите производи или услуги и што е најважно, луѓето во оваа фаза нема да купуваат од вас.


На пример: Market Design Academy е компанија која нуди два типа на услуги


- Едукација за дигитален маркетинг на физички лица и бизниси.

- Развој и реализација на маркетинг на социјални мрежи за бизниси (дизајн на визуели, видеа, содржински маркетинг, платено огласување, ремаркетинг и сл.)


Постојат компании кои во овој момент не се свесни дека со помош на нашите услуги можат да го развијат својот бизнис на многу повисоко ниво и да го зголемат профитот, а постојат и физички лица кои не се свесни дека со помош на едукацијата за дигиталниот маркетинг ќе можат да пронајдат одлична и добро платена работа.


ФАЗА 2: СВЕСНОСТ ЗА ПРОБЛЕМОТ

Клиентите се свесни за својот проблем, потреба или интерес, но не бараат решенија и не знаат дека постои некој кој може да го реши нивниот проблем, потреба и интерес.


На пример: Компаниите стануваат свесни дека треба да ги подобрат своите дигитални перформанси доколку сакаат да постигнат поголем развој, но не знаат дека постои компанија која може да им даде едикација во таа област или да развие и реализира дигитални маркетинг кампањи во нивно име.



ФАЗА 3: СВЕСНОСТ ЗА РЕШЕНИЕТО

Клиентите се свесни дека постојат компании кои можат да го решат нивниот проблем, потреба или интерес, но не го познаваат твојот бренд и на каков начин можеш да им помогнеш.


На пример: Клиентите знаат дека постојат компании на кои може да се обратат за да дојдат до решение за нивниот проблем, потреба, интерес, но не се сретнале со брендот Market Design Academy.


ФАЗА 4: СВЕСНОСТ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Луѓето знаат дека нудите решенија што можеби им требаат, но допрва треба да го изберат вашиот производ.


На пример: Клиентите го познаваат Market Design Academy, но размислуваат која точно услуга е најсоодветна за нив и која да ја одберат.


ФАЗА 5: ПОТПОЛНО СВЕСНИ

Посетителите знаат и му веруваат на вашиот бренд.


Да резимираме!

Клиентите минуваат низ различни фази на свесност:


Дали ја применуваш оваа анализа за развој на твојот бизнис или подобрување на твоите маркетинг кампањи? Какви се твоите искуства?


Секогаш постои можност да го унапредиш твоето знење со дополнителна едукација или соработка со професионалци од оваа област.


Погледни ја нашата Онлајн обука за дигитален маркетинг на следниов линк!


Следи ги нашите блог содржини и развивај ја твојата професионална кариера или твојот бизнис!



Comments


bottom of page